fbpx

Честитка од градоначалникот Коста Јаневски по повод Меѓународниот ден на жената

 Честитка од градоначалникот Коста Јаневски по повод Меѓународниот ден на жената

Почитувани сограѓанки,

            Денес се навршуваат 111 години од одржувањето на Првата меѓународна конференција на жените во Копенхаген, на која е одлучено  да се слави како Меѓународен ден на жената, а следната година е одлучено тој ден да биде 8.Март, ден со кој се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите. И по толку многу време, иако состојбата со женските права е неспоредливо подобра, таа борба продолжува.

            Денес осамна уште еден 8.Март, уште еден убав ден во кој се одбележува значењето на жената и нејзината постојана борба за добивање заслужено место во општествата и заедниците, борба за права и еднаквост. Овој ден е ден на жената-мајка, жената-сопруга, жената-работник, жената-креатор на секојдневното живеење…

            Одбележувајќи го овој ден, треба и мора да знаеме дека жената заслужува 365 денови во годината, бидејќи сите сме еднакви и сите заслужуваат место под сонцето.

            Нека ви е честит и вековит Меѓународниот ден на жената.

Share via
Copy link