fbpx

Честитка од градоначалникот Коста Јаневски по повод празниците Бадник и Божик

 Честитка од градоначалникот Коста Јаневски по повод празниците Бадник и Божик

Почитувани сограѓани од христијанска вероисповед,

Постои меѓу народот една порака која вели „Кај и да си, за Бадник и Божик, дома да си“. Во таа порака се наоѓа суштината на значењето и големината на претстојните празнувања кои ја истакнуваат важноста на симбиозата помеѓу Рождеството Христово и домот.

 Токму затоа, Ви посакувам светлина, топлина, хармонија, благосостојба и радост во Вашите домови, во кои на најубав можен начин се дочекува Бадник, и најдостоинствено се прославува Божик, како еден од двата најголеми празника во христијанскиот свет.

Со чисти души, отворени срца и ведри лица празнувајте ги и годинава Бадник и Божик, и со вера, љубов и надеж, побарајте здравје, среќа и спокој за Вас и Вашите ближни. Тоа се нештата кои ни ја откриваат смислата на живеењето.

Нека Ви е благословено празнувањето. Нека Ви се честити и вековити Бадник и Божик.

            ХРИСТОС СЕ РОДИ!

Share via
Copy link