fbpx

Ципрас и Заев на гости кај Костадинов

 Ципрас и Заев на гости кај Костадинов

Вечерва градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, имаше голема чест и задоволство во неговиот кабинет да ги пречека поранешните премиери Алексис Ципрас и Зоран Заев, информираа од Општина Струмица.

Двајца поранешни лидери кои ги кренаа рампите меѓу Северна Македонија и Грција и трасираа пат на пријателство, разбирање, меѓусебна почит, ги зближија двата народи и ја зајакнаа севкупната соработка меѓу двете држави.

Во кабинетот, во кој цели три мандати помина поранешниот премиер Зоран Заев, со Ципрас и  Зоран Заев градоначалникот разговараше за функционирањето на Општината, нејзиниот развој,  новите предизвици и состојби во државата и регионот.

-Прекрасно е чувството кога разговараш со храбри и одлучни политичари и кога си на иста линија со нив, бидејќи само така можеш да обезбедиш сигурна иднина за граѓаните, општината и државата, порача градоначалникот Костадинов.

Share via
Copy link