fbpx

Пожар во месноста Врчви, Oпштина Василево, изгореа 5 хектари лозје

 Пожар во месноста Врчви, Oпштина Василево, изгореа 5 хектари лозје

Во општина Василево, на потегот меѓу населените места Ангелци, Градашорци и Едрениково, во месноста Врчви од пред неколку часови, има активен пожар, сооптија од Општина Василево.

На местото на пожарот се припадниците на ТППЕ Струмица, кои работат на негово гасење и  спречување на понатамошно ширење.   

Според информацијата од терен, опжарени се околу 5 хектари главно лозов насад во приватна сопственост и сува трева и грмушки.

Пожарот, „потпомогнат“ од моменталниот ветер има тенденција за ширење кон населеното место Седларци.

На местото на пожарот градоначалникот на Општина Василево, Славе Андонов, кој изрази загриженост за состојбата и осуда за чинот на палење чии последици и обем  допрва ќе се утврдуваат.

Share via
Copy link