fbpx

ЦУК: 16 годишно девојче паднало во дол од патеката кон “Свети Илија”, пренесено e во болница

 ЦУК: 16 годишно девојче паднало во дол од патеката кон “Свети Илија”, пренесено e во болница

Вечерва околу 20.30 часот на линијата 112 е добиен повик од возрасна жена која известила дека нејзината полнолетна ќерка е падната во увала во близина на манастирот Свети Илија над Струмица. Воедно известила дека ќерката има повреди на главата.

Операторите од 112 ја смириле видно вознемирената мајка и побарале од неа да ја извести ќерката да се јави на 112 за да се утврди локацијата на која се наоѓа.

Ќерката се јавила на 112 исплашена и вознемирена, кажала дека има повреди на главата и дека не знае да го посочи точното место на кое паднала. Операторите од 112 преку системот на 112 ја утврдиле точната локација, а оперативците од Секторот за операции и координација од ЦУК итно ги известиле СВР Струмица, ТППЕ Струмица и Итната медицинска помош од Струмица. Сите посочени екипи веднаш излегле на терен, ја пребарале посочената локација и откако најпрво викајќи оствариле гласовен контакт со повреденото и исплашено лице набргу потоа успеале да ја најдат.

Девојчето е извлечено и во моментот е хоспитализирано во болницата во Струмица.

Share via
Copy link