fbpx

ЦУК:Повторно е активен пожарот на Огражден

 ЦУК:Повторно е активен пожарот на Огражден

Центарот за управување со кризи (ЦУК) утрово извести дека Регионалниот ЦУК Струмица информирал дека шумскиот пожар на планината Огражден кај село Бадилен, Општина Ново Село е повторно активен.

Пожарот се просира на непристапен терен и во текот на денот немало екипи за гаснење. Денеска ќе се планира екипа од ТППЕ Струмица да излезе на терен и да интервенира на пристапните места, стои во информацијата од ЦУК.

Фото: архива

Share via
Copy link