fbpx

ЦУК:Пожарникарите од Гевгелија гаснеле пожар во куќа во Миравци и притоа извлекле неподвижна старица

 ЦУК:Пожарникарите од Гевгелија гаснеле пожар во куќа во Миравци и притоа извлекле неподвижна старица

Пожарникараите од ТППЕ Гевгелија во првите петнаесетина минути од привиот ден на Новата година, од 00:14 до 02:10 часот, со 2 ПП возила и 7 пожарникари, имале интервенција за гаснење пожар со спасување неподвижно лице.

Конкретно, интервенирале за гаснење пожар на запалена стара куќа на два ката на ул.„Маршал Тито“ во село Миравци. Првиот кат од куќа бил напуштен, а во вториот кат живеела неподвижна стара жена, која била повредена, а по извлекувањето е преземена од Итна медицинска помош за понатаможно медицинско згрижување.

Share via
Copy link