fbpx

Димитар Зетов на проба во Партизан

 Димитар Зетов на проба во Партизан

Еден од најталентираните млади кошаркари во Македонија, Димитар Зетов во следните 5-7 дена ќе биде гостин на српскиот гигант Партизан.

Иако е роден 2006 година, струмичанецот ќе работи со генерацијата 2005 каде ќе се обиде да ги потврди своите квалитети и да остави добар впечаток. Тој е член на македонскиот второлигаш Струмица каде добиваше шанса во првиот тим претходната сезона, со неполни 15 години.

Ова лето беше исклучително интензивно за Зетов кој настапуваше за М15 и М16 репрезентациите на Македонија. Во М15 беше убедливо најдобар играч на пријателските дуели против Србија, на едниот постигна 32, а на вториот 17 поени, но на двата беше прв стрелец во нашиот тим.

Се истакна и меѓу повозрасните, во кадетската репрезентација со која требаше да игра на ФИБА Челинџерот во Скопје, но настапот на нашата селекција беше откажан поради појавата на неколку случаи со корона. Зетов настапи на пријателските дуели против Хрватска, а на вториот меч беше втор стрелец со 17 поени, зад најдобриот играч Шошкиќ.

Извор: www.kos.mk

Share via
Copy link