fbpx

Доктор Илиев од Кавадарци ја преплива „Турија“

 Доктор Илиев од Кавадарци ја преплива „Турија“

Докторот специјалист по спортска медицина од Кавадарци, Бошко Илиев (55) од Кавадарци, на Денот на независноста, ја преплива акумулацијата „Турија“ кај Струмица во должина од 6 километри за време од 2 часа и 36 минути.

Денешниот беше негов 91 маратон и дел од маратоните за промоција на убавините и езерата во државата.

Доктор Илиев досега пливал на повеќе води во Македонија, а негова следна дестинацина е Дебарското езеро.

Настанот беше поддржан од страна на општина Струмица и градоначалникот Коста Јаневски, а несебично помогнаа и Кире Гузелов и Панче Хаџи- Андонов од ЗСР „Шампион 2005“ од Струмица.

Share via
Copy link