fbpx

Донација за струмичката болница од Фондацијата „Заев-едно општество за сите“

-Еден од најважните фундаменти врз кој почиваат  постоењето и дејствувањето на  Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“ е и унапредувањето на јавното здравје. Како дел од активностите за  доследно исполнување на зацртаните цели и стремежи во оваа област,  нашата Фондација изврши донација на апарат за дијагностика од областа на урологијата, за ЈЗУ „Општа болница“ – Струмица, соопштија од Фондацијата.

-Станува збор за исклучително важен дијагностички апарат кој ќе значи многу за струмичките уролози од оваа институција, а пред се за граѓаните кои се соочуваат со уролошки проблеми и заболувања, информираа од Фондацијата „Заев-едно општество за сите“.

Здравјето на граѓаните е пред се. Токму затоа унапредувањето на јавното здравје и понатаму ќе биде еден од приоритетите на нашата Фондација, додаваат од Фондацијата.

Share via
Copy link