fbpx

Донесена одлука за времено користење на салата во ООУ „Никола Вапцаров“ за пункт за вакцинација

 Донесена одлука за времено користење на салата во ООУ „Никола Вапцаров“ за пункт за вакцинација

Советот на општина Струмица денеска одржа вонредна седница на којашто советниците едногласно донесоа Одлука за престанок на трајно и давање на времено користење на објект – Училишна спортска сала на ООУ „Никола Вапцаров“, за регионален вакцинален пункт против „Ковид-19“ во Струмица.

Поздравувајќи ја Одлуката на Владата на Република Северна Македонија за отворање на ваков пункт, претседателот на Советот на Општина Струмица, Марјан Даскаловски потенцираше дека отворањето на пунктот за масовна вакцинација во Струмица многу ќе придонесе вакцините да бидат подостапни за граѓаните на општина Струмица и поширокиот регион.

Share via
Copy link