Струмичани во најголем дел не знаат да го селектираат отпадот и ги кршат контејнерите
Од 13 часот преминот Евзони е отворен за патнички сообраќај
Денеска (14.05.2021 – петок), од страна на грчките гранични служби добивме известување дека од 13 часот е дозволен е влез во Република Грција на граѓаните од ЕУ, трети земји и граѓани од Република Северна Македонија преку ГП ,,Евзони“, соопштија пред малку од МВР.
Според протоколот за влез, граѓаните од ЕУ, од трети земји и од Репубика Северна Македонија ќе може да оставарат влез во Република Грција преку ГП ,,Евзони“со негативен ПЦР тест не постар од 72 часа или Сертификат за примени две дози вакцини (14 денови поминати од втората доза вакцина), при што ќе бидат признаени сите сертификати за извршена вакцинација, додека за деца до 5 години не е потребен ПЦР тест. Исто така, останува обврската за електронска пријава на сајтот www.travel.gov.gr (ден пред патување) за обезбедување на ПЛФ (Passenger Locator form) документ,
Оваа мерка ќе се применува до 24.05.2021 година (понеделник), при што граѓаните ќе може да остварат влез во периодот од 07.00 до 23.00 часот (по грчко време), или од 06.00 до 22 часот (по наше време), a за излез од Грција нема ограничувања и ГП Евзони ќе работи 24 часа. Протоколот за товарниот сообраќај останува ист.