Во Струмица е формиран Ротари клуб Струмица, дел од светската мрежа на Ротари Интернационал, која брои над 1.4 милиони членови и над 45.000 клубови ширум светот, обединети во идејата за хуманост, служба кон заедницата и градење мостови на пријателство и соработка. Свечениот настан на официјалното чартерување (отворање) на клубот ќе се одржи на 17.05.2025 година (сабота) во […]
Tags : отворен
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека повторно е отворен граничниот премин Богородица, кој денеска беше привремено затворен поради пожар кој избувна на грчка страна. Во моментов граничниот премин функционира нормално. Фото: архива
Вечерва во НУ Центар за култура „Антон Панов“ свечено беше отворен третиот по ред „Струмица Класика Меѓународен Фестивал“ кој ќе трае до 9 јуни. Фестивалот за отворен го прогласи членката на Советот на општина Струмица Елена Магеровска Паликарова, која во својот говор, меѓу дугото, истакна: „ Струмица дала голем број познати имиња од различни музички […]
Со интерактивната музичка претстава за деца „Возможната мисија на Paw Patrol и Снешко Смешко“ денеска на градскиот плоштад беше отворен Новогодишниот базар Струмица 2024. -Тој е уште едно предновогодишно изненадување и надополнување на предновогодишната атмосфера од градоначалникот Костадин Костадинов и општина Струмица, а кое им се допадна на граѓаните бидејќи го наполнија плоштадот, а најбројни […]
Од денеска во Струмица и официјално започнува да работи новиот Центар за дневен престој на деца со попреченост, соопштија денеска од Министерството за труд и социјална политика. Во центарот за децата со попреченост ќе се спроведуваат разновидни активности како и услуги со индивидуален третман. Услугите ќе ги спроведува здружението за поддршка во развојот и специјална едукација […]
Вечерва градоначалникот Костадин Костадинов присуствуваше на отворањето на првиот „Скејт парк“ во Струмица, сместен во спортско – рекреативниот дел од градскиот парк. Скејт паркот, кој беше изграден во предвидениот рок од шест месеци, опфаќа површина од 625 метри квадратни, а за негова комплетна реализација беа потрошени 6.200.000 денари, целосно обезбедени од буџетот на општина Струмица. […]
-На вториот ден од пролетта во Струмица го отворивме првиот зелен лавиринт, најголем во државата.Лавиринтот е долг 190 метри на површина од 625 метри квадратни, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов. -Идејата е на децата, поддржана од мене, како градоначалник, а реализирана од ЈПКД „Комуналец“.Испраќаме силна порака: за чиста Струмица ни треба висока еколошка свест […]
-Во прекрасен карневалски амбиент, којшто може да го има само во нашата Струмица, вечерва клучот од градот им го предадов на карневалистите кои ширум ќе ги отворат портите за сите љубители и почитувачи на нашата вековна карневалска традиција, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов. -По пауза од две години, поради пандемијата од Ковид – 19, […]
Вечерва во Струмица почна 29 издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“. Први пред публиката се претставија актерите од Народниот театар од Битола со о претставата „History of motherfuckers“ по мотиви на „Кориолан“ од Вилијам Шекспир, авторски проект на Андраш Урбан. По нив се претставија и актерите од штипскиот театар со „Крилја“ од Артур […]
Ве известуваме дека ГП Богородица е повторно отворен за патнички и товарен сообраќај во двата правци, информираа од Царинската управа. Пожарот е локализиран и работата на граничниот премин Богородица-Евзони се одвива нормално.