Градоначалникот Костадинов го објави изгледот на новиот парк во поранешната касарна
Отворен „Струмица Класика Меѓународен Фестивал“
Вечерва во НУ Центар за култура „Антон Панов“ свечено беше отворен третиот по ред „Струмица Класика Меѓународен Фестивал“ кој ќе трае до 9 јуни.
Фестивалот за отворен го прогласи членката на Советот на општина Струмица Елена Магеровска Паликарова, која во својот говор, меѓу дугото, истакна:
„ Струмица дала голем број познати имиња од различни музички области, а без сомнение еден од најврвните меѓу нив е и познатиот и признат обоист од светски калибар – Васил Атанасов, „главниот виновник“ за раѓањето на „Струмица Класика Меѓународен Фестивал“ кој годинава го доживува своето трето издание. Со овој фестивал, Струмица, во својата меѓународна културна понуда, го има заокружено списокот на меѓународни фестивали од сите можни уметности. Слободно може да се каже дека ретки се македонските градови кои можат да се пофалат со таков културен живот и таква богата интернационална уметничка програма, каква што е струмичката, истакна Магеровска Паликарова.
На првата фестивлска вечер настапи Клавирското трио „3-ОС“ од Хрватска (Наумов-Штрбац-Мајиќ), а во програмата за наредните денови предвидени се настапи на музичари и од Србија, Бугарија и Северна Македонија.