Браќата Ѓорѓиеви и Љафтов ја засилуваат Струмица за натпреварите во Купот на ЦЕВ
Струмичкиот карневал 2022 е свечено отворен
-Во прекрасен карневалски амбиент, којшто може да го има само во нашата Струмица, вечерва клучот од градот им го предадов на карневалистите кои ширум ќе ги отворат портите за сите љубители и почитувачи на нашата вековна карневалска традиција, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
-По пауза од две години, поради пандемијата од Ковид – 19, овој наш град повторно има причина да се радува и со полни гради да ги живее еднонеделните карневалски свечености.Нека ни е со среќа и нека ни е за многу години Струмичкиот карневал и сите други карневалски празнувања, напиша Костадинов.