Отворен зелен лавиринт во Струмица, најголем во државата
-На вториот ден од пролетта во Струмица го отворивме првиот зелен лавиринт, најголем во државата.Лавиринтот е долг 190 метри на површина од 625 метри квадратни, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
-Идејата е на децата, поддржана од мене, како градоначалник, а реализирана од ЈПКД „Комуналец“.Испраќаме силна порака: за чиста Струмица ни треба висока еколошка свест и многу работа.Од срце за поубава и почиста Струмица, напиша Костадинов.