ЗЛР „Рибар Струмица“ на 27 октомври организира акција за чистење отпад на брана „Водоча“
Двајца Грци шверцувале трет во багажник на преминот Богородица
На 19.07.2023 во 21.30 часот на Граничниот премин Богородица, полициски службеници ги лишиле од слобода И.Д.(19) и Н.А.(21), двајцата од Република Грција, соопштија денеска од МВР.
При извршени гранични проверки, односно проверка во багажникот на патничко моторно возило „дачиа дастер“, во кое се превезувале, било пронајдено уште едно лице-грчки државјанин без документи.
И.Д. и Н.А. биле задржани во полициска станица, а лицето без документи било предадено во Прифатно-транзитен центар за странци.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Фото: архива