fbpx

Двајца повредени по излетување на автомобил кај Јосифово

На 12.03.2022 во 06.50 часот било пријавено дека на регионален пат кај село Јосифово, валандовско, патничко возило „пежо“, со струмички регистарски ознаки, управувано од И.К.(31) од село Раброво, валандовско, излетало надвор од коловозот, информираа од МВР.

Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил сопатникот И.М.(32) од Валандово, а со телесни повреди се здобил сопатникот П.П.(25) од Гевгелија, констатирани во Општата болница во Гевгелија.

Бил извршен увид од увидна екипа од Полициската станица Валандово.

Share via
Copy link