fbpx

Двајца повредени во сообраќајка во Струмица

Вчера во 11:00 часот во СВР Струмица било пријавено дека на булевар „Гоце Делчев“ во Струмица, Б.Ј.(43) од Струмица, управувајќи патничко возило „цитроен берлинго“, со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот, соопштија од МВР.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот В.К.(49) од село Водоча, а со телесни повреди се здобил сопатникот И.М.(28) од Струмица, констатирани во Медицински центар Струмица.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Струмица. 

Share via
Copy link