fbpx

Двајца повредени во судир на трактор и моторцикл кај Валандово

Вчера околу 19:40 часот на пат помеѓу селата Пирава и Јосифово на место „Пиравски плантажи“ – Валандово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу трактор „фергусон„ без регистарски ознаки, управуван од Н.Т.(81) од Валандово, и моторцикл „хонда“ со гевгелиски регистарски ознаки управуван од В.М.(24) од село Рабово, а на кој се превезувала и 17 годишна малолетничка од село Јосифово.

По несреќата В.М. и малолетничката се пренесени во комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Увид на лице место извршила екипа од Полициска станица Валандово.

Share via
Copy link