Двајца струмичани возеле без возачка дозвола

 Двајца струмичани возеле без возачка дозвола

На 04.02.2026 во 19:30 часот, при контрола во патниот сообраќај во село Банско, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица, запреле патничко возило „тојота“ без регистарски ознаки, управувано од Д.А.(20) од Струмица. Притоа, било констатирано дека тој го управувал возилото без да поседува важечка возачка дозвола. Исто така, констатирано е дека во возилото превезувал бесправно исечени огревни дрва, по што од страна на вработени во Шумска полиција Струмица возилото и дрвата се одземени. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 04.02.2026 во 22:00 часот, при контрола во патниот сообраќај во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица запреле патничко возило „форд“ со струмички регистарски ознаки, управувано од С.В.. Притоа, било констатирано дека го управувал возилото без да поседува важечка возачка дозвола. По насоки од јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share via
Copy link