fbpx

Две сопатнички се потешко повредени во сообраќајка на патот Валандово-село Костурино

 Две сопатнички се потешко повредени во сообраќајка на патот Валандово-село Костурино

СВР Струмица соопшти дека вчера околу 18:30 часот во Полициската страница Валандово било пријавено дека на регионален пат 1401, делница помеѓу Валандово и село Костурино, струмичко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.С.(62) од село Колешино, струмичко, патничко возило „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.М.(60) од Скопје и патничко возило „пасат“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од М.Д.(59) од село Злеово, радовишко.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.Д.(64) од село Чифлик, пехчевско, а со телесни повреди се здобила Т.Ј.(40) од село Злеово, радовишко, и двете сопатнички од возилото „пасат“, констатирани во Медицински центар Струмица.

Увид на местото извршила екипа на ОВР Валандово.

Share via
Copy link