„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Еден починат и двајца нови од Ковид-19 во Струмица
Во последните 24 часа направени се 2.754 тестирања, а регистрирани се 349 нови случаи на КОВИД-19:
• Скопје – 166• Куманово – 23• Штип – 22• Прилеп – 18• Битола – 17• Кочани – 16• Кавадарци – 13• Тетово – 11• Велес и Охрид – по 10• Свети Николе – 9• Неготино – 8• Берово и Пробиштип – по 4• Гевгелија и Демир Хисар – по 3• Струмица-2, Кичево, Крива Паланка и Делчево – по 2• Гостивар, Струга, Ресен и Виница – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица: 3 починати лица од Скопје (51г, 64г и 85г), по 2 починати лица од Штип (64г и 75г) и Свети Николе (66г и 82г) и по едно починато лице од Куманово (43г), Битола (60г), Радовиш (75г), Струмица (68г) и Дојран (62г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Регистрирани сe 208 оздравени пациент од:
• Скопје – 90• Охрид – 37• Куманово – 17• Штип – 13• Велес – 10• Битола – 9• Кавадарци – 7• Крива Паланка – 5• Неготино – 4• Кочани, Свети Николе, Струга и Радовиш – по 3• Пробиштип и Кичево – по 2.
Досега во земјата се направени вкупно 1.385.429 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 202.552, бројот на оздравени пациенти е 188.540, на починати е 7.132, а бројот на активни случаи изнесува 6.880