Браќата Ѓорѓиеви и Љафтов ја засилуваат Струмица за натпреварите во Купот на ЦЕВ
На осум улици во Струмица почна да се поставува втор слој асфалт
Општина Струмица продолжува со реализација на програмата за асфалтирање на улици со втор слој асфалт.
Во следните денови со овој градежен зафат ќе бидат опфатени вкупно 8 улици:1.Улицата „Ценка Павлова“- потег од ул. „Младинска“ до ул. „Ката Поцкова“
2.Улицата „Браќа Минкови“- потег од ул. „Младинска“ до ул. „Ката Поцкова“
3.Улицата „Киро Абрашев“- потег од ул. „Браќа Минкови“ до ул. „Ѓорѓи Василев“
4.Улицата „Тодор Циповски Мерџан“ – цела
5.Улицата „Коста Бозов“- потег од ул. „Жртви на фашизам“ до ул. „Браќа Миладинови“
6.Улицата „Сава Ковачевиќ“- потег од ул. „Ванчо Китанов“ до ул. „11 ти Октомври“
7.Улицата „Цветан Димов“- потег од бул. „Ленинова“ до ул. „бр.4 – Парк“
8.Улицата „Братство Единство“- потег од ул. „Васил Сурчев“ до ул. „24 ти Октомври“.
Вкупната површина на асфалтираните улици изнесува околу 11.500 метри квадратни.
Ги замолуваме граѓаните на разбирање и почитување на мерките за изменет времен режим на сообраќај за време на изведувањето на градежните активности.