„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Фидан Жан Колев избран за координатор на Југоисточниот регион на СДСМ
На предлог на претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, Генералниот секретар Миле Зечевиќ и Извршниот одбор на СДСМ, на денешната трета седница, Фидан Жан Колев е избран за нов координатор на југоисточниот регион.
-Ви благодарам на довербата, заедно Струмица, Радовиш, Конче, Василево, Босилово, Ново Село, Валандово, Дојран, Богданци и Гевгелија, ќе бидат сдсмовски бастиони. Заедно со претседателите на општинските и локалните раководства ќе работиме и креираме политики за подобар живот во југоистокот, напиша Колев на својот фејсбук профил.