fbpx

Филип Маџунков се сели во Хрватска, потпиша договор со одбојкарскиот клуб „Рибола Каштел“

 Филип Маџунков се сели во Хрватска, потпиша договор со одбојкарскиот клуб „Рибола Каштел“

Македонскиот одбојкарски репрезентативец, струмичанецот Филип Маџунков од новата сезона ќе го носи дресот на хрватскиот одбојкарски тим „Рибола Каштел“.

Маџунков е роден 1996 година, висок 200 сантиметри и игра на позицијата среден блокер.

„Среќен сум што потпишав за голем клуб како што е Рибола Каштела и очекувам добри натпревари и борба за титулата“ изјави за официјалната страница на хрватскиот клуб, Маџунков.

Во досегашната кариера тој настапуваше за ОК Струмица, Јединство (Црна Гора), Гренобл (Франција), ОК Вардар Скопје и Битерфелд Волфен (Германија).

Share via
Copy link