fbpx

Филипче: Состојбата со коронавирусот е критична, притисокот врз болниците е огромен

 Филипче: Состојбата со коронавирусот е критична, притисокот врз болниците е огромен

Министерот за здравство, Венко Филипче на Фејсбук напиша дека состојбата со вирусот е исклучително сериозна и критична, откако денеска беше регистриран најголем број на починати.

„Денеска за жал, имаме досега најголем број на починати, 22 пациенти ја изгубија битката со ковид-19. Регистрираме рекордни 30% позитивни од тестирани лица, а речиси 600 пациенти се хоспитализирани на инфективните одделенија во земјата. Состојбата со вирусот е исклучително сериозна и критична, притисокот врз болниците и медицинскиот кадар е огромен.

Есенскиот бран на вирусот „коси“ низ цела Европа и светот, никој не е поштеден. Молам да се сфати многу сериозно дека од секој еден од нас зависи како ќе го надминеме овој бран.

Очекувам итно и по скратена постапка да се донесат сите мерки и законски измени. Повикувам на максимална одговорност на секој поединец и почитување на сите мерки за заштита.“, напиша Филипче.

Share via
Copy link