Градоначалникот Костадинов поканува на присуство на новогодишна бајка на плоштадот
Филипче:бележиме стабилизација на епидемијата во земјата
Повеќе од еден месец бележиме стабилизација на епидемијата во земјата. Согласно извештаите на Институтот за јавно здравје бележиме тренд на зголемување на бројката на оздравени пациенти, како и намалување на новорегистрираните случаи и починати, објави министерот за здравство, Венко Филипче.
Во споредба со месец декември, бројот на активни случаи е намален за 46%. За 51% е намален и бројот на хоспитализирани пациенти низ здравствените установи ширум држава.
Да останеме одговорни, да продолжиме целосно да ги почитуваме мерките за заштита од ковид-19 и превенција од понатамошно ширење на вирусот.