fbpx

Фондацијата „Заев-едно општество за сите“ донираше хируршки микроскоп на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија

 Фондацијата „Заев-едно општество за сите“ донираше хируршки микроскоп на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија

Во чест на 7 Април – Светскиот ден на здравјето, Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“, преку своите претставници проф. д-р Венко Филипче и Славица Заева, за потребите на ЈЗУ Универзитетска клиника за пластична и реконструктивна хирургија од Скопје, донираше хируршки микроскоп „OPMI Movena/S7“ во вредностод 1.306.260,оо денари со вклучен ДДВ, сооштоја денеска од Фондацијата.

Примопредавањето на хируршкиот микроскоп е резултат на склучениот договор за донација, потпишан од директорот на Фондацијата Зоран Заев и директорката на клиниката, доц. д-р. Софија Пејкова, а во рамките на доследното спроведување на целите и начелата од нашата Програма за унапредување на јавното здравство.

-Имајќи ги во предвид приоритетите на дејствување на нашата Фондација во делот на јавното здравство, донирањето современи апаратури на здравствените установи во земјата ќе продолжи и во иднина, се додава на крајот од соопштението.

Share via
Copy link