Со механизација и рачно се чистеше крајбрежието на Дојранско Езеро
ДОКУМЕНТАРНИОТ ФИЛМ „ПОСЕАНА НАДЕЖ “ ИМ ОТВОРИ НОВИ ПЕРСПЕКТИВИ И НА МЛАДИТЕ ВО СТРУМИЦА
Вчера во Europe House во Струмица, струмичани имаа можност да го проследат документарниот филм „Посеана надеж“. Во документарниот филм учествуваат 15 социјални претпријатија, кои преку своите емотивни приказни не уверуваат дека и во нашата земја постојат претпријатија кои се темелат на солидарност и желба да се помогне на ранливите групи, вклучувајќи ги во општеството. Режисер на филмот е Костадин Анастасов, а директор на фотографија е Фејми Даут.
Во преполната сала млади луѓе кои го гледаа филмот, тим лидерката на проектот Барбара Садовска рече дека младите луѓе можат на повеќе начини да се вклучат во социјалното претприемништво.
-Социјалното претприемништво кај нас е во зародиш, но овие претпријатија се семки на надеж кои допрва ќе се развијат, овозможувајќи им на ранливите лица нови можности. За скоро ќе можете и самите да основате социјално претпријатие или пак да поддржите некое чија мисија ќе ја најдете сродна на она во што верувате. Младите се оние кои во иднина ќе ги купуваат производите и услугите на социјалните претпријатија, препознавајќи ја нивната додадена вредност – постигнување на подобро општество преку вклучување на ранливите групи во него, рече Садовска.
Проектот „Поддршка на социјалните претпријатија“ е финансиран од ЕУ, имплементиран од Ептиса, во конзорциум со Барка и Екорис, каде корисник е Министерството за труд и социјална политика.