fbpx

Фондацијата „Заев“ испрати хуманитарна помош во Турција

 Фондацијата „Заев“ испрати хуманитарна помош во Турција

Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“, брендот „Мамас“ и компанијата „Тотал Инжинеринг“, испратија хуманитарна помош за турскиот народ наменета за граѓаните од регионите погодени од катастрофалниот земјотрес. Станува збор за 22 тони разновидна конзервирана храна, која, со обезбеден донаторски транспорт (камион-шлепер) од „Сакаов транс“ – Струмица, е испратена до градот Едрене, од каде ќе биде дистрибуирана до погодените подрачја, соопштија од Фондацијата.

Како донатори, испраќаме јавна благодарност до вработените во турската амбасада во Република Северна Македонија, за одличната соработка и помошта околу спроведувањето на сите процедури, неопходни за непречено испраќање на хуманитарната помош.

Сочувствуваме со нашите пријатели, особено со семејствата кои изгубија свои ближни  и останаа без своите домови. Се молиме за сите  кои поминаа низ агонијата, а на повредените во земјотресот им посакуваме побрзо оздравување и враќање во нормалните текови на живеење.

Да останеме луѓе, да останеме пријатели, но никогаш, ама баш никогаш и никаде низ светот, да не се случи тоа што се случи на турскиот и сирискиот народ.

Share via
Copy link