fbpx

Фудбалерите на Беласица негативни на Ковид-19

 Фудбалерите на Беласица негативни на Ковид-19

Фудбалскиот клуб Беласица од Струмица, во денешното кратко соопштение за јавноста информираше дека резултатите од тестовите за Ковид-19, направени од страна на фудбалерите, стручниот штаб и администрацијата се негативни и дека ситуацијата во клубот е стабилна и под контрола.

-ФК Беласица како општествено одговорен транспарентен клуб, сака да се произнесе пред фудбалската и пошироката јавност, дека по направените Ковид-19 тестови над сите засегнати лица во нашиот клуб, целиот стручен штаб, фудбалери и администрација, денес добија сите негативни резултати. Овие вести ги споделуваме со надеж и среќа дека истата судбина ќе ги посака и сите други фудбалски клубови, стоеше во соопштението на Беласица.

Струмичкиот клуб продолжува со подготовките во пресрет на почетокот на ПМФЛ овој викенд.

Share via
Copy link