fbpx

Митко Гогов ќе учествува на Меѓународното поетско издание „Каавја Сање“ во Индија

 Митко Гогов ќе учествува на Меѓународното поетско издание „Каавја Сање“ во Индија

Македонскиот концептуален уметник, поет и граѓански активист Митко Гогов од Струмица ќе учествува на Меѓународното поетско издание „Каавја Сање“ во Индија насловено „Надвор од лингвистичките граници 9“.

Сите заинтересирани ќе можат да го следат онлајн ова издание на неколку социјални платформи на Интернет, а програмата вклучува поетска презентација на автори кои ќе читаат на каннада, арапски, француски/германски и  намакедонски јазик, проследено со преводи на англиски и/ или каннада. Освен тоа ќе има и кратки разговори со поетите, проследено со интеракција со публиката на Каавје Сање, на платформата WEBEX.

Митко Гогов (1983) пишува поезија, кратки раскази, есеистика и публицистика. Неговото творештво досега е застапено и преведено во неколку антологии, стихозбирки и списанија за литература и уметност во повеќе земји во Европа, но и во Индија, Пакистан, Филипини, Кина, Тајван, Египет, САД, Аргентина, Русија, Израел, Мексико…

Гогов е автор на збирките поезија „Ледена вода“ (2014) и „Скриено писмо“ (2019), во издание на издавачката куќа „Антолог“

Share via
Copy link