fbpx

В недела започнува деветтото издание на Струмица опен фестивал 2020

 В недела започнува деветтото издание на Струмица опен фестивал 2020

Во недела започнува деветтото издание на СОФ 2020 и ќе трае до 3 септември. Ќе се реализираат 20 бесплатни настани распоредени во 20-дневна програма во градскиот парк. Локацијата на фестивалот ќе биде оградена и обележана со регулиран влез. Ќе биде дозволено присуство само со маска. На локацијата ќе бидат поставени седишта на соодветно растојание и настаните ќе може да ги следат ограничен број посетители.

Годинашното издание ќе биде во знакот на поддршката на македонската култура со акцент на почитувањето на препораките за заштита на јавното здравје! Фестивалот годинава ќе донесе нови спортски активности, филмски проекции, панел дискусии, детска програма, домашна музика и убава атмосфера!

Програмата ќе започне во недела со Chill Day, на 10 и 12 август ќе се одржат аеробик часови со Елена Илков. На 11 август велосипедска и пешачка патека до локалитет Цареви кули, а на 12 август препознатливата вечер на афоризми.

„Во обид да ја прекинеме долгата тишина на културата, спортот и уметноста ги реактивираме омилени летни сцени во нашиот град. Насмеани под маска, но претпазливи и одговорни, ве очекуваме на деветтото фестивалско издание. Нашата поинаква приказна ни ги враќа убавите звуци и слики кои традиционално го збогатуваат летото во Струмица.Заедно создаваме поинаква приказна во поинакви услови! “, велат од здружението КЗЖ – Струмица.

Струмица Опен Фестивал 2020 се одржува според одобрените здравствените протоколи за настани на отворено. Да бидеме одговорни, да се заштитиме себеси и нашите најблиски! Да ги почитуваме протоколите за време на настаните!

Согласно протоколот за организација на настани во време на COVID-19 задолжително е:
– носење на лична заштита на лицето (маска, шал, марама), на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација;
– задолжително одржување на физичко растојание на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација;
– задолжителна дезинфекција на раце на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација.

Share via
Copy link