Генералниот директор на МЕГА Шопинг Парк Гевгелија, Сотирис Јанакудакис:Овој стратешки капацитет од 20.000 м² го изградивме со јасна намера, целосно да ја промениме улогата на овој регион

Почитувани претставници на медиумите, добар ден и добредојдовте.
Ми претставува големо задоволство што денес сме тука, во Гевгелија, за првпат одблизу да ви го претставам проектот на кој посветено работиме изминатиов период. Низ моето 16-годишно искуство во оваа индустрија на Балканот, научив дека суштината на секој голем потфат е во тоа колку реално успева да го подобри секојдневието на луѓето, а токму таа цел нè водеше и при создавањето на МЕГА Шопинг Парк.
Овој стратешки капацитет од 20.000 м² го изградивме со јасна намера, целосно да ја промениме улогата на овој регион. Свесни сме дека Гевгелија предолго беше само попатна, транзитна точка на патот кон Грција, но со МЕГА тоа конечно се менува. Градот сега станува модерна дестинација која поставува сосема нови стандарди на нашиот пазар, нудејќи содржини кои досега едноставно не беа достапни овде.
За да го постигнеме тоа, се фокусиравме на концептот „Total Experience“, преку кој на едно место обединивме околу 50 светски и домашни брендови. Но, сакавме да понудиме многу повеќе од само вообичаено пазарење. Затоа, покрај силната понуда на мода, спорт и електроника, воведуваме услуги што навистина му недостасуваа на овој дел од земјата, од современ медицински и козметички центар, па сè до еден од најголемите салони за мебел. Дополнително, овде ќе биде стационирана и најголемата станица за полнење електрични возила во државата. Посебно внимание посветивме на семејствата, па затоа целиот парк е осмислен како место каде што ќе можат квалитетно да го поминат целиот ден, уживајќи во специфичните гастрономски концепти и најмодерната детска зона дизајнирана за забава на најмладите.
Сепак, она што за мене ја дава вистинската вредност на овој проект не се само брендовите, туку новиот импулс што го носиме во заедницата. Со отворањето на МЕГА Шопинг Парк, Гевгелија добива над 500 нови работни позиции, со план оваа бројка многу брзо да надмине 800. За нас, ова не се само статистички податоци, туку конкретна можност за стотици млади луѓе од овој крај својата кариера и својата иднина да почнат да ги градат токму тука, во својот роден град. Сакаме овој центар да биде силен мотор за локален развој и доказ дека Гевгелија има капацитет за големи нешта.
Денес ви претставивме само дел од таа визија. Во продолжение, ќе се задржиме на неколку клучни детали за нашата мобилна апликација, како и на забавната програма што ја подготвуваме за големиот спектакл на 28 мај.
(Комерцијална ПР објава)