fbpx

Гевгеличанец заработи кривична пријава за разбојништво

 Гевгеличанец заработи кривична пријава за разбојништво

Одделението за внатрешни работи Гевгелија, до Основното јавно обвинителство Гевгелија, поднесе кривична пријава против Т.А.(38) од Гевгелија поради сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот закон.

На 6 ноември во аптека лоцирана на ул.„Слободан Митров Данко“ во Гевгелија со закана кон вработената одзел пари од дневниот промет.

На 8 овој месец со наредба на Основен суд Гевгелија, бил извршен претрес во дом и помошни простории кои ги користи пријавениот, при што биле пронајдени предмети поврзани со кривичното дело.

Share via
Copy link