„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Градоначалникот Костадинов ги прими младите каратисти на „Шихан“ и шахистите на „Цареви Кули“
-Првото добредојде им го посакав на спортистите од Карате клубот „Шихан“ од Струмица кои освоија 4 златни и 6 бронзени медали на 21-от Светски традиционален карате шампионат и првиот ИТКФ Светски куп „Хидетака Нишијама“ за деца-каратисти. Им го честитав успехот, разговаравме за натпреварите и силната конкуренција, и им посакав да продолжат со големите успеси, а сите нивни натпревари како и досега ќе бидат поддржани од општина Струмица, објави Костадинов.
-Второто спортско добредојде, денеска беше за членовите на Шаховскиот клуб „ЦАРЕВИ КУЛИ“ од Струмица кои го освоија второто место на „Екипното првенство на Македонија за млади 2022” во групата на деца до 8 годишна возраст,напиша струмичкиот градоначалник.
-Браво деца, се гордеам со вашиот талент, упорноста и одличниот резултат, додаде Костадинов.