fbpx

Пронајден човечки труп на планината Плачковица

Вчера во 14:50 часот во Полициската станица Радовиш, З.Н. од Радовиш пријавил дека на планина Плачковица, на местото „Чаркова река“, во атар на село Козбунар, радовишко, бил пронајден човечки труп, соопштија денеска од СВР Струмица.

Увид на местото извршиле екипа на Одделението за внатрешни работи Радовиш и Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Радовиш, по чија наредба трупот бил даден на обдукција.

Share via
Copy link