fbpx

Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Струмица

Вчера во 20:05 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на крстосница од улиците „Ѓорги Василев“, „Ристо Ќурчиев“ и „Ката Поцкова“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од Г.П.(40) од Струмица и моторно возило „фиат пунто“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Т.К.(49) од Струмица.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицински центар Струмица. 

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Share via
Copy link