fbpx

Градоначалникот Костадинов го отвори 19. Астерфест

 Градоначалникот Костадинов го отвори 19. Астерфест

Во првите пет августовски дена во Струмица, филмовилите ќе бидат почестени со 24 филмови во конкуренција, од исто толку земји, и уште 4 филмови во ревијалната програма.

Тоа е понудата на 19 Интернационален филмски фестивал „Астерфест“ кој вечерва, под мотото „Кинореалност `24“, беше свечено отворен во струмичкиот амфитеатар.Во пресрет на големиот празник Илинден.

-Имав чест и задоволство, како генерален покровител, да го отворам Фестивалот и да им посакам добредојде во Струмица на филмските работници од земјата и странство, но и да ги поздравам струмичките вљубеници во „седмата уметност“. „Астерфест“, за првпат оваа година има соработка и со Европската филмска академија, со БАФТА, како и со двократните добитници на Американската филмска академија, високите претставници од Скандинавската филмска дистрибуција, кои се специјални гости на фестивалот.Искрени честитки за „главниот виновник“ за „Астерфест“ Горан Тренчовски и за добитникот на наградата „Астер“, македонскиот режисер Антонио Митрикески. На сите филмофили им посакувам вистинско уживање во филмската магија, напиша градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов.

Share via
Copy link