Градоначалникот Костадинов им го честиташе 20 Мај-Денот на македонските пожарникари на ТППЕ Струмица
-За да се биде пожарникар не е доволно само да се биде облечен во пожарникарска униформа. Да се биде пожарникар потребно е под таа униформа да чука едно големо срце исполнето со многу љубов кон професијата, многу љубов кон општината и многу љубов кон своите сограѓани, рече градоначалникот Костадин Костадинов денеска честитајќи го 20 Мај-Денот на македонските пожарникари на ТППЕ Струмица на денешната одржана свеченост.
-Сите ние – струмичани, но и граѓаните од од другите соседни општини , треба да бидеме горди и благодарни на нашите пожарникарни, затоа што тие, како најголеми непријатели на огнот, се најголеми пријатели на граѓаните. Во името на таа гордост и благодарност, ја имав честа и задоволството да им се поклонам на храбрите пожарникари и да им го честитам нивниот ден. Господ да ги чува и нив, но и сите наши сограѓани.Нека е честит и вековит 20 Мај – Денот на македонските пожарникари, истакна струмичкиот градоначалник.
Инаку, струмичките пожарникари денешниот ден го одбележаа и со дефиле со против пожарните возила низ улиците на градот, а командирот на ТППЕ Струмица, Алекснадар Гудев врачи благодарници на поединци и институции.