Костадинов:Со огромна тага ја примив веста за трагичната несреќа во Нови Сад
Градоначалникот Костадинов ја пречека Бадникарската поворка во општинската зграда
-Ден кога веста за Христовото раѓање први ја соопштуваат коледарчињата посетувајќи ги православните домови.Во духот на оваа традиција, како градоначалник и јас денеска ја отворив вратата на општинската зграда за дечињата – членови на детскиот хор при школата за веронаука на Струмичката Епархија, објави Костадинов.
-Прекрасно беше чувството да се слушаат тие прекрасни деца кои со голема љубов пееја бадникарски песни во холот на зградата најавувајќи го раѓањето на Исус Христос.Мои струмичани, кај и да сте денеска, вечер бидете дома покрај бадниковата трпеза со вашите најблиски.Нека ни е за многу години денешниот празник, Бадник, напиша градоначалникот Костадинов.