Општинарите и граѓаните даруваа крв по повод празникот Свети петнаесет
Градоначалникот Костадинов очекува до петок Струмица да има повторно вода за пиење
-Јас сум оптимист дека после две или три последователни анализи на питката вода конечно ќе добиеме решение и од инспекторот од Агенцијата за храна и ветеринарство, со кој имаме добра соработка како институција и во петок веќе да имаме решение дека водата во Општина Струмица и неколку населени места, која беше забранета по пријава од „Комуналец“, ќе може да се користи како питка вода, изјави денеска градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
-Тоа што мене ме прави оптимист е експертизата којашто ја имаат вработените во „Комуналец“ Струмица, односно вработените во Филтер станицата, тоа се луѓе на коишто сум им бескрајно благодарен и кои успеваат и таа вода од брана „Турија“ за која уште немаме анализи за да знаеме што всушност „Водостопанство“ ни има продавано нам како жители на општина Струмица па и на општина Василево, успеваат да ја преработат до степен на питка вода. Денеска лабараторијата на „Комуналец“ којашто морам да потенцирам како одговорен градоначалник не е акредитирана, даде резултат 0,0017 грама на литар вода што е апсолутно дозволиво за пиење. Во моментот се вршат дополнителни мерења во секундарната водоводна мрежа за да се проверат вредностите и таму за кои се надевам ќе има добри резултати, се продолжува и со хиперхлорирањето коешто се врши по Правилникот за безбедност на вода за пиење, а и по наредбата од Агенцијата за храна и ветеринарство, додаде Костадинов.
Тој повика во иднина да се превенираат вакви појави.
-Не мора да ни се случи повторно криза за ние да направиме детална анализа на водата во браната Турија за да може да лоцираме од каде се појавува манганот, да видиме која категорија е водата во браната, да видиме дали има физичко оградување на единственото извориште за општина Струмица и неколку населени места, да видиме дали имаме градби околу брана „Турија“ коишто не смеат да бидат таму и што со тие градби и секако дали има потреба Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги презема потребните градежни зафати околу браната со цел да превенираме повторна појава на манган и секако со оградувањето појава на одредени бактерии кои за среќа во филтер станицата која беспрекорно функционира до ден денешен преку озонерите успеваме сите тие да ги неутрализираме. Оптимист сум дека таков проблем нема да имаме повторно, но исто така сакам да верувам дека конечно наместо да излегува по прес конференции нашиот министер за земјоделство ќе се соочи со реалноста затоа што најмалку е важно во моментов да имаме дежурни виновници, туку она што треба да се направи е да се викнат експертите кои може да направат анализа која ќе ги лоцира можните проблеми во иднина со цел превенирање на такви појави и обезбедување на задрава вода за пиење за граѓаните, подвлече Костадинов.