Костадинов:Со огромна тага ја примив веста за трагичната несреќа во Нови Сад
Костадинов: Жените се срцето на нашата заедница – основата на нашите семејства
-Жените се срцето на нашата заедница – основата на нашите семејства, емпатијата и меката сила на работните места, разиграниот дух во соседствата, душата на нашето општество, напиша градоначалникот Костадин Костадинов.
-Кога нашите мајки, ќерки, сестри, баби, тетки, сопруги, пријателки, сосетки и другарки се во добро здравје, нашата заедница напредува. Токму поради тоа нивната благосостојба мора да биде еден од нашите врвни приоритети.Нивното здравје е нашата колективна сила.Како прв човек на Струмица, ја искажувам мојата непоколеблива поддршка на иницијативи како вечерашната трибина во хотелот ,,Цар Самуил” во рамките на Розовиот октомври, а кои ја покренуваат свеста за борбата со ракот на дојката и ја нагласуваат важноста од раното откривање. Почитувани жени,Вашето здравје нека биде ваш приоритет, така ја потврдувате љубовта кон себе, но и кон сите оние на кои сте им важни, ве сакаат и кои се грижат за вас, објави струмичкиот градоначалник.