Со механизација и рачно се чистеше крајбрежието на Дојранско Езеро
Полициски билтен:физички напади во Василево,Струмица и Муртино
На 13.10.2024 во 13.50 часот, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода С.С.(35), Ш.С.(57) и Е.А.(30), сите од Струмица, затоа што во 13.00 часот во село Василево, струмичко, физички ги нападнале А.Н., Б.„Н“. и Љ.„Н“. Лицата биле задржани во Полициската станица Струмица, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 13.10.2024 во Полициската станица Струмица, Б.А.(46) од Струмица пријавила дека околу 17.30 часот во градскиот парк во Струмица, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 14.10.2024 во 00.30 часот во Полициската станица Струмица, В.М.(53) од село Муртино, струмичко, пријавил дека околу 23.30 часот во село Муртино бил физички нападнат од Д.Д.. Полициската станица Струмица презема мерки за расчистување на случајот.