Жител на Стојаково пронајден починат во домот без видливи траги на насилство
Градоначалникот Костадинов упати честитка по повод Рамазан Бајрам
Почитувани сограѓани од исламска вероисповед,
Денеска на Рамазан Бајрам, ви ја упатувам најискрената честитка, со желби овој свет празник да ви донесе мир, љубов и благосостојба.
Нека овој ден биде исполнет со радост и духовно обновување, а вашите молитви и добри дела да бидат прифатени.
Рамазан Бајрам е време за размислување, благодарност и заедништво. Нека овој празник донесе повеќе мир и солидарност меѓу сите нас, како и во нашите домови и во нашето општество.
Честит и среќен Рамазан Бајрам!