fbpx

Градоначалникот Костадинов во посета на струмичките пожарниакри

 Градоначалникот Костадинов во посета на струмичките пожарниакри

-Редот и дисциплината се клучни во извршувањето на професионалните задачи. Само така можеме да одиме напред и како општина и како држава. А ние сме за напред, назад повеќе нема.Заштитата на животите и имотите на граѓаните при пожари, природни катастрофи и елементарни непогоди е мој и приоритет на Општина Струмица, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов по денешната посета на ТППЕ Струмица.

Додаде дека пожарникарите се нашите херои и многу пати досега тоа го потврдиле.

-Денеска ги посетив за да видам во какви услови работат и дали имаат се што им е неопходно.Од командирот Александар Гудев и пожарникарите бев информиран дека Територијалната професионална противпожарна единица во Струмица е во добра состојба, со донациите во опрема од Владата на Република Северна Македонија и од буџетот на општина Струмица.Но секогаш може и повеќе и подобро. Јас им ја потврдив мојата поддршка и понатамошна помош во опрема и решавање на нивните проблеми, меѓу кои е и просторниот, бидејќи сегашниот не ги задоволува потребите на една професионална противпожарна единица, каква што е струмичката.Им посакав помалку работа, но повеќе обуки и подготовка за навремена и квалитетна заштита на нашите граѓани и нивните имоти кога за тоа ќе има потреба, напиша градоначалникот Костадинов.

Share via
Copy link