„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Градоначалникот Костадинов заедно со евроамбасадорот Гир присуствуваа на третиот роденден на „Europe house“ во Струмица
-Денес беше прекрасно, заедно со Евроамбасадорот Дејвид Гир, да бидеме меѓу младите струмичани, и да присуствуваме, во струмичката Градска уметничка галерија, на одбележувањето на третиот роденден на „Europe house“ – Струмица. По тој повод, ја имавме и честа да се обратиме пред присутните, зборувајќи за значењето на ова катче за младите, кое е плод на извонредната соработка помеѓу Канцеларијата на ЕУ и Општина Струмица, објави Костадинов.
-Не ја пропуштив можноста да истакнам дека, преку дружење, соработка и размена на идеи, како и со презентирање на младешката креативност, младите струмичани ги негуваат европските вредности, кои се уште понагласени со неодамнешното отворање на Младинскиот центар во Општина Струмица.Во рамките на одбележувањето, се одржаа и oтворена панел дискусија и музички перформанс.Драги млади сограѓани, нека ви е со среќа третиот роденден на „Europe house“. Во скорешна иднина, некој од наредните родендени дочекајте го како европски граѓани, напиша струмичкиот градоначалник.