fbpx

Промовиран прирачникот „Како до заштита и безбедност на жртвите на семејно насилство“

 Промовиран прирачникот „Како до заштита и безбедност на жртвите на семејно насилство“

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов вечерва присуствуваше на промоцијата на прирачникот „Како до заштита и безбедност на жртвите на семејно насилство“ – Моделот за соработка на „Скај Плус“ со Општина Струмица, бизнис заедницата и Струмичката епархија, од авторките Стојне Митева, Катерина Дафчева и Сузана Мицева, која се одржа во Младинскиот центар, во организација на здружението „Скај Плус“ од Струмица.

-Бев почестен да имам и свое обраќање на промоцијата, кое, меѓу другото, го искористив и да им честитам на авторките за вложениот труд, но и да ја пофалам работата на здружението „Скај плус“ преку примерот на струмичкиот „Шелтер центар“.Таквите ангажмани на „Скај плус“ редовно се поддржувани од Општина Струмица, а така ќе биде и во иднина, објави струмичкиот градоначалник.

Share via
Copy link