Босилово подготвува техничка документација за фекална канализација по модел на Гази Баба
Граѓаните од Нова Маала добија повеќенаменско игралиште
Граѓаните од Нова Маала добија повеќенаменско игралиште. Оваа информација преку општинската ФБ страна, https://www.facebook.com/opstina.vasilevo.marjan, ја сподели градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев.
Игралиштето е оградено, опремено со кошеви и стативи и е осветлено, со што неговите корисници ќе имаат можност и за ноќно спортување.
Буџетот за реализација на овој проект e целосно обезбеден од општинската каса и согласно Договорот со изведувачот, изнесува 3.040.545 денари.
Изведувач на градежните активности на терен беше копанијата Универзал градба, која на јавно објавениот тендер, достави најповолна понуда.